Поранешниот официјален претставник на САД и ОН, Џефри Фелтман, изјави дека неговата земја не успеала да постигне опипливи резултати во Сирија поврзани со целите на Вашингтон, пренесува РТ.
Фелтман им го припишува неуспехот на САД на администрациите на поранешните претседатели Доналд Трамп и Барак Обама.
Поранешниот заменик-генерален секретар на ОН за политички прашања и американски помошник-државен секретар за прашања на Блискиот Исток повика на нов пристап заснован на сирискиот претседател Башар ал-Асад со преземање конкретни, специфични и транспарентни чекори, што не може да се поништат во однос на политички реформи за возврат на олеснувањето на санкциите од Вашингтон.
Фелтман исто така признава дека економската опсада наметната од САД врз Либан доаѓа во контекст на притисок врз Сирија, Иран и Русија да седнат на преговарачка маса. Тој ги негира шпекулациите дека ќе биде новиот американски пратеник за Сирија.
– Искрено кажувам дека никој не ми се јавил за тоа. Мислам дека назначувањето пратеник за Сирија не е приоритет за администрацијата на Бајден. Новиот претседател на САД има и други приоритети, како Русија, Иран и поддршка за сојузниците во регионот. Сирија е дел од тоа – додаде Фелтман.