Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден изјави дека номинацијата за демократски кандидат за претстојните претседателски избори во САД кои треба да се одржат во 2020 година, сака да ја добие со сопствена заслуга, односно дека не сака да го ангажира поранешниот претседател Барак Обама во кампањата.
Според „Њујорк тајмс“, помошниците на Бајден сметаат дека неговото пријателство со поранешниот потпретседател Обама е еден од неговите најголемите атрибути.
Во тек е и внатрепартиската кампањата за демократски кандидат за следните избори, а Бајден не успеа да се одалечи од минатото со Обама. За време на еден говор во Ајова, Бајден се осврна на администрацијата на Обама, истакнувајќи дека во текот на 8 години немала ниту една афера или лага.
– Џо Бајден во текот на кампањата за демократски кандидат даде контрадикторни изјави. Најпрво изјави дека не сака да го живее во минатото и дека неговата администрација ќе биде поинаква од онаа на Обама. Меѓутоа, во април изјави дека неговото претседателствување ќе се залага за истата пристојност и филозофија што тој и Обама ја споделуваа и со која ја движеа државата кон напредок – констатираат од „Њузвик“.