Гудрун Бурвиц, ќерка на шефот на нацистичките Заштитени одреди (СС) Хајнрих Химлер кратко работела во германската разузнавачка служба, по Втората светска војна, објави „Билд”.
Германски весник, повикувајќи се на историчарот Бодо Хехелхамер, објави дека Бурвиц, која го носела презимето на нејзиниот сопруг, работела во германската разузнавачка служба БНД, како секретарка од 1961 до 1963 година.
Се наведува дека тоа било во времето кога службата ја водел Рајнхард Гелен, контроверзен германски генерал од Втората светска војна, кој работел и за американската разузнавачка служба и вработил многу поранешни германски офицери и нацисти како шпиони.
Ќерката на Химлер, која почина на 89-годишна возраст, никогаш не се откажала од нацистичката идеологија и никогаш не се дистанцирала од злосторствата на нејзиниот татко.