Весникот „Њујорк тајмс“ ја надмина границата од пет милиони претплатници благодарение на зголемениот број онлајн-претплатници.
Во 2019 година весникот доби дополнителен број милион претплатници само на своето интернет-издание, што е рекорд за „Њујорк тајмс“, кој почна со онлајн-претплата во 2011 година.
Дневникот сега има 3,4 милиони претплатници само за своето интернет-издание, речиси 900.000 на печатеното издание, а остатокот доаѓа од специјализираните производи како платформата за готвење „Њујорк тајмс кукинг“ и платформата за крстозборки „Њујорк тајмс кросворд“.
Целта на групацијата е да достигне десет милиони претплатници до 2025 година од кои два милиони во странство.
„Њујорк тајмс“, исто така, објави дека ја достигна целта од 800 милиони долари обрт за интернет-изданието, една година пред планираното.