Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради обилните дождови кои предизвикаа поплави. Според „Си-ен-ен“ невремето е последица на ураганот Ајда.
Како што јавија американските медиуми, во сила е забрана за патување со возила низ патиштата, а речиси сите градски линии на метрото се прекинати.
– Вечерва сме сведоци на историско невреме со рекорден дожд, брутални поплави и опасни услови на патиштата. Никогаш не сум видел толку многу дожд да падне за толку кратко време – напиша градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио, на Твитер.
Тој ги повика луѓето да не излегуваат и да останат дома.