Во своето прво новогодишно обраќање царот Нарухито поздрави десетици илјади насобрани луѓе изразувајќи надеж дека новата година ќе биде мирна и без природни катастрофи.
Царот, кој го наследи престолот минатата година во мај, поздрави десетици илјади Јапонци кои во текот на денот ќе ја посетат кралската палата.
– Мило ми е што ја прославувам Нова година со вас. Но, во исто време, се грижам за луѓето кои минатата година беа погодени од тајфуни и обилни дождови. Се надевам дека оваа нова година ќе биде убава, мирна и без природни катастрофи – истакна тој.
Во придружба на царицата Масако и други членови на царското семејство, 59-годишниот цар, кој го зазеде престолот од својот татко на 1 мај, ѝ мавташе на публиката зад прозорецот на балконот во палатата во токио, јави новинската агенција „Кјодо“.