Податоците објавени утрово потврдија, сепак, дека Јапонија паднала во длабока рецесија првпат по четири и пол години. Третата најголема светска економија падна 3,4 отсто во првиот квартал од оваа година кога падна 7,3 отсто во претходниот квартал.
Иако падот во првиот квартал беше помал во однос на очекувањата на аналитичарите од 4,6 отсто, тоа не е многу охрабрувачки бидејќи се очекува многу поголем пад во тековниот квартал, веројатно најголем од Втората светска војна.
Инвеститорите се претпазливи и поради тензиите меѓу САД и Кина бидејќи претседателот Доналд Трамп често ја прозива Кина и ѝ се заканува поради појавата на коронавирусот.