Поранешниот австриски вицеканцелар и некогашен лидер на Слободарската партија на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе, најави дека ќе пишува книга за скандалот „Ибица“, кој доведе до негово политичко пропаѓање.
Штрахе, откако кон крајот на мај беа објавени снимки од вечера на Ибица од пред две години, каде на наводна внука на руски милијардер и нуди државна работа за финансиска поддршка на неговата партија, беше принуден да поднесе оставки од сите политички функции.
Со книгата тој има намера да придонесе за расветлување на настаните во Ибица.
Штрахе книгата нема да ја пишува сам, туку тоа ќе им го препушти на, како што вели, познати истражувачки новинари.
Според него, само искусни новинари може да ја разберат далекусежноста на видеото од Ибица и да докажат кој стои зад распадот на успешната влада, која ја сочинуваа неговата партија и партијата на канцеларот Себастијан Курц.
Штрахе по оставката веднаш објави дека ќе ја расветли целата афера, а потоа има намера да се врати на политичката сцена во Австрија.