Изворот на сите проблеми е змијата израсната на градите на Унијата, која секојдневно ја „голта“ социјалната структура, како и моралниот, културниот и верскиот идентитет на европските народи. Наметнатата радикална општествена и економска либерализација, облечена во фустан на глобализацијата, ги зафаќа полека сите земји-членки, ги разорува нивната општествена структура, социјалната сигурност, етичките и културните вредности, внесува несигурност, страв и безнадежност, а потоа постепено ги уништува и самите национални идентитети на државите, претворајќи ја ЕУ во централизирана наднационална структура

Елитите треба да бидат за пример, но поради зголемениот материјализам, водечкото малцинство почна да води сметка исклучиво за финансиските моменти, посветувајќи им се на индустријата, трговијата и профитот. „Настапи епоха на декаденција на аристократијата, која се откажа од водството и ги остави народните маси да се справуваат самите со себе“, укажува Ортега, зашто, според него, вистинскиот аристократ е припадник на креативното малцинство, кој свесно и доброволно презема тешки задачи и секогаш е во потрага по место на кое би бил најкорисен. Нужно е во општеството да владеат токму вакви креативни малцинства, затоа што во нивно отсуство, на остатокот од општеството му недостигаат ориентација и цел кон која ќе тежнее. За Ортега структурата на здравото општество секогаш е аристократска, а уредувањето е според начела што овозможуваат постоење на власт и луѓе што се владеани со нивна согласност и со почитување одреден проект што е спроведуван од власта.
Таквата стабилна власт никогаш не се базира на сила, туку на воспоставување авторитети, секогаш втемелени врз основа на јавното мислење. Да се владее не значи да се грабне или преземе моќта, туку мирно да се дојде до неа. „Бунтот на масите“, според Ортега, се создава во оној момент кога владејачката елита или аристократија, како што ја дефинира тој, ќе ја изгуби можноста за влијание врз луѓето. Токму тоа се случува сега во Европа.

Тој „бунт на народните маси“ јасно искажан преку европските изборни процеси, не е директно насочен кон европската политичка елита – на масата не ѝ гајле за нејзиното „перчење“ низ бриселските лавиринти на моќта, каде што се носат закони за тоа какви треба да се формата и големината на колбасите.

Бунтот „удира“ на она што е производ на лажната аристократија – новиот поредок, кој сега можеме со мирна душа да го „извадиме“ од темнината на теориите и заверите, прикажувајќи го неговото грдо лице на јавната сцена. Тоа е ладниот, безмилосен нов светски поредок, кој упорно, веќе две децении, под маската на божем неизбежната глобализација, се спроведува од европската политичка и економска елита, во соработка со нејзините англоамерикански и арапски партнери.

Изворот на сите проблеми е змијата израсната на градите на Унијата, која секојдневно ја „голта“ социјалната структура, како и моралниот, културниот и верскиот идентитет на европските народи. Наметнатата радикална општествена и економска либерализација, облечена во фустан на глобализацијата, ги зафаќа полека сите земји-членки, ги разорува нивната општествена структура, социјалната сигурност, етичките и културните вредности, внесува несигурност, страв и безнадежност, а потоа постепено ги уништува и самите национални идентитети на државите, претворајќи ја ЕУ во централизирана наднационална структура.

Потоа членките се редат во „синџирот на исхрана“, на чиј врв се најразвиените, а на дното проблематичните новопримени и задолжени земји, па така, под надзор на бриселските лавиринти на моќта и Централната европска банка, се осигурува трансфер на капиталот од послабите кон посилните членки. Тоа е онаа Европа од визијата на Макрон за мултибрзински развој. Во европските владејачки кругови, омразената Марин Ле Пен долго и упорно предупредува дека „во суштина глобализацијата е варварство, зашто владеењето над целиот свет од страна на моќните мултинационални компании и крупниот финансиски капитал ги води народите и нивните национални држави во пропаст, па затоа државите мораат да постават лимити, по пат на менување на своите регулативи.“

Ле Пен предупредува дека намалувањето на јавните расходи, за да се консолидираат државните финансии според мерките на Берлин и на Брисел, а кои одат на штета на најсиромашните слоеви на населението, доведува до социјална деградација на општеството и нацијата, додека истовремено се уништува и самиот поим „национална држава“.

Тоа враќање кон државниот поредок во кој сѐ уште не биле формирани националните држави, всушност, е враќање кон варварство, а според многумина, тоа е и целта на глобализацијата – да им се ускрати на поединците и нациите правото на заштита од страна на сопствената држава.

Продолжува:
Глобализација = геополитика?