Спасувачки брод со повеќе од 300 имигранти денеска ќе пристигне во јужниот шпански град Алхесирас, јавија шпанските медиуми.
Бродот „Пружени раце“ (Опен Армс), кој е во сопственост на шпанската добротворна организација „Проактива Опен Армс“, во саботата доби дозвола да пристигне во Шпанија, откако Италија и Малта не му дозволија пристап на бродот до нивните пристаништа.
Друг брод на организацијата ги снабдил со неопходни намирници и лекови за Божиќ сите 311 мигранти.
Децата на бродот добиле новогодишни капи, а организацијата објави видео на кое се гледа како спасувачите си играат со децата на Бадник и им даваат боенки.
Во саботата, бебе старо два дена и неговата 23-годишна мајка беа спасени од бродот и беа однесени на Малта.
Мигрантите биле спасени од три брода покрај брегот на Либија.