Коалициските преговори помеѓу екстремно левичарската партија Подемос и привремената социјалистичка влада на Шпанија пропаднаа. Премиерот Педро Санчез до 23 септември треба да формира мнозинска коалиција или да се соочи со уште едни избори. Ако преговорите не успеат и изборите се одржат, тоа ќе бидат четвртите избори во исто толку години во земјата.
Во јули Социјалистичката партија на Санчез и парламентарната група Подемос беa блиску до постигнување договор за формирање коалиција, но екстремно левичарската партија Подемос ја одби понудата на Санчез, што доведе до заемна недоверба меѓу двете ривалски партии.
-Јасно е дека работата на двата преговарачки тимa е завршена, стигнавме најдалеку што можевме, сега сè е во рацете на лидерите на партијата, Педро Санчез и Пабло Иглесијас – изјави за „Јуроњуз“ Хуан Лопез Уралде, пратеник од Подемос и член на преговарачкиот тим на групата.