Новата германска влада составена од социјалдемократите, зелените и либералите, планира да го олесни добивањето германско државјанство, како и повеќекратното државјанство
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата влада ќе ги олесни условите за доаѓањата на странските работници во Германија и нивната интеграција во општеството, како и дека ќе се бори против насилниот екстремизам кој е наголемата закана за демократијата во земјата.
-Ние сме земја на имиграцијата, но мораме да работиме за да станеме земја за интеграцијата-изјави Шолц во првиот голем говор во Бундстагот откако ја презема канцеларската должност минатата седмица.
Новата германска влада составена од социјалдемократите, зелените и либералите, планира да го олесни добивањето германско државјанство, како и повеќекратното државјанство.
Шолц, исто така, вети борба против екстремизмот, против дезинформациите и „апсурдните теории“.
-Денес во Германија постои негирање на реалноста, постојат апсурдни теории на заговор, намерни дезинформации и насилен екстремизам. Да бидеме јасни: екстремистичкото малцинство во нашата земја се одметна од нашето општество, од нашата демократија, од нашата заедница и нашата држава, а не само од науката и разумот-критикуваше социјалдемократот Шолц.
Порача и дека „успешната Европска унија“ е првиот национален приоритет, и предупреди дека не смее да се дозволи споровите меѓу земјите членки да се заканат на овој „политички и монетарен проект“.
Шолц се осврна и на ситуцијата со Русија и Украина, истакнувајќи дека „секое руско кршење на украинскиот територијаелн интегритет ќе има висока цена“.
-Ја набљудуваме со голема загриженост состојбата на руско-украинската гранциа. Секое кршење на теротиријалниот интегритет ќе има висока цена и ќе зборуваме со еден глас овде, со напите европски партнери и трансатлантските сојузници-рече Шпоцл додавајќи и дека сака дијалог со Русија.