Полицијата во Мјанмар активираше шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред состанокот на шефовите на дипломатиите на соседните земји со претставниците на армијата на оваа земја.
Според Ројтерс, повикувајќи се на очевидци, досега не е соопштено дека има повредени.
Демонстранти, многумина со шлемови и импровизирани штитови, се собраа зад барикадите во различни делови на Јангон, извикувајќи пароли против владеењето на воената хунта.
Според извештаите на медиумите, демонстрантите се собрале и во други делови на земјата. Протестите се одржаа во пресрет на средбата на шефовите на дипломатиите на соседните земји со претставниците на армијата на Мјанмар, чија цел е да ја смират насилната состојба во земјата.
Разговорите ќе се одржат два дена по најкрвавите немири во Мјанмар, откако армијата ја собори избраната влада на Аунг Сан Су Чи пред еден месец, што предизвика масовни протести на улиците низ Мјанмар.