Владата на Шкотска објави предлог-закон за одржување втор референдум за независност, што би се одржал по завршувањето на пандемијата.
Шкотската национална партија соопшти дека ќе се обиде да го изгласа законот доколку изборите во мај внесат доволно пратеници во парламентот, кои ја поддржуваат независноста.
Предложениот закон го вклучува истото прашање како и на референдумот во 2014 година: „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“ Може да се одговори со „да“ и „не“. За датумот на вториот референдум ќе одлучуваат европратениците.
Шкотланѓаните ја отфрлија независноста на референдумот во 2014 година, но брегзитот и активностите на британската влада во борбата против коронавирусот ја зголемија поддршката за отцепување.