САД имале право на самоодбрана кога го убиле иранскиот воен командант Касем Сулејмани, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.
На новинарско прашање за време на интервјуто за „Би-Би-Си“ дали убиството на Сулејмани е легално, Раб кажа дека „постои право на самоодбрана“.
Генералот Сулејмани, командант на елитната единица Кудс, беше убиен во петокот во американски напад во близина на аеродромот во Багдад.