Швајцарските гласачи на денешниот референдум го отфрлија предлогот за поништување на договорот со Европската Унија, со кој се овозможува слободно движење на луѓето. Според проекциите на резултатите, 63 проценти од гласачите гласале против предлогот на десничарската партија, додека 37 проценти од граѓаните го поддржале, пренесува „Ројтерс“.
Поддржувачите на укинување на договорот тврдат дека тоа ќе и овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги избере имигрантите коишто сака да ги прими, додека противниците предупредуваа дека на тој начин здравата економија ќе западне во рецесија и ќе ги лиши стотиците илјади швајцарски граѓани слободно да живеат и да работат низ цела Европа.
Предлогот за укинување на Договорот за слобода на движење со ЕУ дојде од крајно десничарската антиимигрантска Швајцарска народна партија, која тврди дека на земјата мора да и се дозволи да постави ограничувања на бројот на странци коишто доаѓаат во Швајцарија.