Американскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер тврди дека САД се сè уште дел од меѓународниот договор за намалување на глобалното затоплување и покрај одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја повлече државата од тој договор.
– Америка е повеќе од Вашингтон или еден лидер – изјави Шварценегер на конференцијата на ОН за климатските промени во полскиот град Катовице.
Тој оцени дека Трамп е „луд” бидејќи решил да се повлече од договорот за климата, постигнат во 2015 година.
Шварценегер истакна дека локални лидери треба да бидат поканети на конференција следната година и објави дека тој исто така ќе го стори тоа, користејќи ја неговата позната филмска реплика: Ако го направите тоа, јас ветувам – Ќе се вратам.