Холандската влада објави фотографии на кои брегзит е претставен како сино чудовиште, на Твитер.
Според твитот на министерот за надворешни работи на Холандија, Штеф Блок, владата на таа европска држава го гледа брегзит како големо сино чудовиште што лежи на маса.
Блок објави фотографија на својот твитер-профил, и напиша: Немојте брегзит да ви застане на патот.
Со фотографијата сподели и линк до официјалниот сајт на владата на кој се достапни информации за можното влијание од напуштањето на Велика Британија од Европската унија врз холандски фирми.