Нови мафијашки структури во Европа започнаа да шверцуваат чист кокаин на Стариот континент. Зголемувањето на производството на опојни дроги во Јужна и Централна Америка ги засили криминалните групи во Северна Африка и на Балканот целосно да ја променат и модернизираат трговијата со дрога, известуваат од британскиот весник „Гардијан“.
Бран од големи количини на чист кокаин кој се појави на територијата на Европа создаде услови за зголемување на убиствата поврзани со дрога. Борбата меѓу новите криминални банди и старите мафијашки структури кои го контролираат пазарот во Европа отвори нови фронтови и стапките на криминал поврзан со дрога изминатиот период е зголемен.
Зголемениот излез на кокаин од Латинска Америка, особено од најголемиот производител Колумбија, го намножи бројот на криминалните структури во Мароко и на Балканскиот полуостров. Новите криминални здруженија сега поставуваат рути за шверц на кокаинот директно од произведувачите, сè со цел тој полесно да се дистрибуира.
Новите принципи на дистрибуција и шверц на чистиот кокаин се карактеризира со брза и точна испорака на дрогата на конкретни локации, а неговата цена останува останува ниска и достапна.
Во најновиот извештај на Европската агенција за дрога стои дека разделувањето на дистрибуцијата на кокаинот во Европа резултирал со зголемена конкуренција меѓу криминалните структури за национално и прекугранично влијание врз пазарите на дрога. Извештајот надополнува дека последниците од ова е зголемен број на убиства и насилство поврзано со користење и дистрибуција на опојни средства.
Појавувањето на нови криминални здруженија создава и нови методи на маркетниг и транспортирање, како што се користење на специјални курири за конзументите кои контактираат импровизирани „кол-центри“ на дистрибутерите. Вакви курири или доставувачи на кокаин, според информациите постојат во Британија, Франција и Белгија, каде што купувачите ги контактираат центрите лоцирани во Шпанија или Западен Балкан.
-Овие нови методи се јасни знаци дека пазарите на дрога во Европа се модернизираат и дистрибутерите мораат да промовираат и други сервиси освен самиот продукт за да останат конкурентни на овој црн пазар – дополнително стои во извештајот на Европската агенција за дрога.
Зголемувањето на понудата на кокаин на Стариот континент ги промени и рутите за дистрибуција и шверц на оваа супстанца, па така во последните две години главната рута од Иберија во Шпанија е променета и сега дрогата се дистрибуира на големи пристаништа во Франција, Белгија и Германија. Пристаништето во Антверп, Холандија, сега е најголемата влезна точка за на кокаинот во Европа, со 41 тон запленет во 2017 година. Претходно во 2016 година, 70.9 тони од оваа дрога беа запленети на територијата на цела Европа.