Шест лица се повредени во пожар што избувна во зградата со социјални станови во квартот Харлем во Њујорк, вклучувајќи четири деца на возраст од 3 до 11 години.
Пожарникарите добиле повик од комплексот во кој има 40 згради, а пожарот избувнал во стан на петтиот кат во една од зградите.Според тврдењата на шефот на противпожарна бригада Даниел Нигро, огнот е изгаснат со големи напори.
Во гаснењето на пожарот учествуваа стотина пожарникари, а проценките се дека причина за пожарот најверојатно е несреќен случај.