Четириесет и шест Етиопјани се удавија на пат кон Јемен, а 16 се водат за исчезнати откако криумчарскиот брод со кој се превезувале се превртел во морето рано изутринава, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Бродот тргнал вчера од Босасо, Сомалија. На него имало 100 лица, 83 мажи и 17 жени, кои заминале за да бараат работа во странство.