Страшно цунами синоќа околу 21:30 часот по локално време ја погоди Индонезија.

На интернет се појави снимка од моментот кога голем бран погоди рок концерт на кој настапуваше бендот Севентин, на плажата Танјунг Лесунг.

Околу 200 вработени на државната електродистрибуција и нивните семејства се собрале на плажата да присуствуваат на забавата, кога огромното цунами го погоди местото.

Фронтменот на бендот објави на Инстаграм дека загинале менаџерот на бендот и басистот, додека по останатите тројца членови на бендот и неговата жена се трага.