Хуманитарните конвои на ОН пристигнаа денеска во бегалскиот камп Рукбан во Сирија, во близина на границата со Јордан, каде што илјадници луѓе се оставени сами да се снајдат во пустината.
-Првите конвои влегоа во кампот, изјави Абу Абдулах, член на цивилниот совет, кој раководи со кампот и со ОН ги координира конвоите со хуманитарна помош.
Според Сириската арапска Црвена полумесечина, во кампот пристигнале 78 камиони со помош, која ќе овозможи спасување животи на околу 45.000 бегалци, каде што изминатиов месец најмалку четири лица починаа од глад и недостаток на медицинска нега.
Беше планирано конвоите да влезат во кампот минатата недела, но операцијата беше одложена поради логистички и безбедносни причини. Во меѓувреме, регионалните сили се обвинуваат меѓусебно, кој е виновен за смртта на бегалците.