Една од жените кои работат во хуманитарната организација на Мајка Тереза, „Мисионери на милосрдието” во Индија, е уапсена под обвинение дека продала бебе старо 14 дена.
Уште две жени биле приведени и ќе бидат испрашувани за други можни случаи на продажба на бебиња, јавува Би-Би-Си.
– Дознавме дека уште неколку бебиња се нелегално продадени од овој центар. Ги најдовме имињата на мајките и овие бебиња и спроведуваме понатамошна истрага- изјави полициски претставник за Би-Би-Си.
Полицијата во центарот нашла околу 2 200 долари.