Подготвил: Дејан Србиновски
Рестрикциите од ковид-19 продолжуваат да им наштетуваат на сите аспекти од животот во сите делови од светот, а новото истражување на оваа тема покажува како вирусот, барем навидум, предизвикува голем пораст на цената на храната. Во новата анкета на „Ипсос“, 63 отсто од испитаниците во светот одговориле дека цената на храната, прехранбените артикли и на апаратите за домаќинство се зголемила по појавувањето на коронавирусот. Аргентина и Турција имаат највисок процент на испитаници што велат дека цената на храната се зголемила за 86 отсто, а веднаш зад нив се Чиле, Мексико и Јужна Африка со 80 отсто. „Ипсос“ забележува дека зголемувањето на стапката на општата инфлација и на онаа на храната низ светот може да се комбинираат за дополнително зголемување на цените во иднина.
Иако стапката на општата инфлација во големите економии како онаа на САД релативно не беше погодена од ковид-19, од друга страна стапката на инфлација на храна нагло порасна. На крајот на краиштата, многу фактори што придонесуваат, како што се синџирите на испорака и други економски показатели, се вклучени во постојаното зголемување на цената на храната. Што се однесува до САД, цената на говедското месо особено беше погодена затоа што многу капацитети беа затворени поради пандемијата на ковид-19. Иако цените можеби ќе се стабилизираат од нивното затворање, сепак на синџирите на испорака ќе им биде потребно повеќе време за да се вратат во нормална функција.