Германската полиција размислува да покрене дисциплинска постапка против полицаец кој не реагирал кога на улиците во источната покраина Саксонија се појавил маж на моторцикл во стил на Вермахтот маскиран како Адолф Хитлер.
Полицијата соопшти дека инцидентот се испитува бидејќи е можно двојникот на нацистичкиот лидер да ги прекршил германските закони за употреба на забранети симболи.
На снимката, објавена на социјалните мрежи, се гледа како минувачите се смеат, а меѓу нив е и полицаец во полициско возило.
Многумина исто така го фотографираа мотоциклот и неговиот возач со карактеристични мустаќи, пренесе агенцијата АП.
Гувернерот на Саксонија, Михаел Кречмер, на Твитер напиша дека појавувањето во јавност со маска од масовен убиец е повеќе од невкусно.
Властите во Саксонија веќе некое време се борат да го поправат имиџот на покраината како плодна почва за неонацистички активности, откако екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ освои повеќе од една четвртина од гласовите на локалните избори минатата година.
#augustusburg #Sachsen da wo sich auch die @PolizeiSachsen daran erfreut, wenn “Adolf H.” mit dem #Motorrad vorfährt. ?♂️https://t.co/ndOLlj8w0d#niewieder#fcknzs https://t.co/AMvXZt8JMb pic.twitter.com/EnGAGwHnhE
— Spekulatius Chemnitz (@SpekulatiusC) January 12, 2020