Поранешната државна секретарка на САД и кандидатка на претходните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем притисок“ да го предизвика американскиот претседател Доналд Трамп на претседателските избори следната година, објави Би-би-си.
Поранешната кандидатка за претседател на демократите не ја исклучува таа можност. „Никогаш не вели никогаш“, изјави таа. Хилари Клинтон (72) вели дека цело време размислува за тоа каков претседател би била ако го победеше Трамп во 2016 година.
Седумнаесет демократи веќе се во игра за кандидатура од партијата за изборите во 2020 година.
– Цело време размислував каков претседател би била и што би правела поинаку и што тоа би значело за нашата земја и светот – рече Клинтон.
Според неа, оној којшто ќе победи на следните избори, ќе има голема задача, ќе мора да исправи сè што е уништено.