Заострувањето на блокадата воведено во Појасот Газа ќе ги наведе Палестинците да се кренат на бунт против израелската окупација, предупреди вчера официјален претставник на Хамас, пренесуват палестинските медиуми.
– Окупацијата не смее да ги игнорира резултатите од неодамнешната битка со Газа – изјави портпаролот на групата, Абделатиф Ал-Кану, додавајќи дека Палестинците нема да ја толерираат, како што рече тој, израелската неподготвеност да го обнови Појасот Газа и да ја крене опсадата.
Израелски „Хадашот“ претходно објави дека во Регионалниот совет Ешкол избувнале четири пожари, додавајќи дека биле предизвикани од запаливи балони лансирани од Газа.
Во индиректните преговори на Хамас и Израел со посредство на Египет, кои вклучуваат разговори за условите за размена на затвореници и пристапот на Газа до итно потребните средства за реконструкција по израелската кампања за бомбардирање во мај, сè уште преовладуваат големи несогласувања.
Близу 260 Палестинци, вклучително и 66 деца, загинаа во бомбардирањето до 21 мај кога Египет издејствува прекин на огнот, но Израел оттогаш ја заостри опсадата на Појасот Газа и го спречи влегувањето на катарската помош.