Под невиден притисок на јавноста, француската влада денеска вети дека ќе одземe огнено оружје од сопружници кои злоставуваат свои сопруги и дека подобро ќе ја обучи полицијата во рамки на широк национален план за намалување на бројот на жени убиени од свои партнери.
Франција има една од највисоките стапки на семејно насилство во Европа и за претседателот Емануел Макрон тоа е „срам за Франција“, пренесува „АП“.
Премиерот Едуард Филип денеска откри десетици мерки за решавање на проблемот вклучително и електронски нараквици за насилници и 1.000 нови места во прифатилишта за жени жртви на насилство.
Годинава во Франција беа убиени 137 жени – убиени од свои партнери или поранешни партнери. Франција е една од државите во Европа со највисоко ниво на такви злосторства. Владата следната година ќе издвои 360 милиони евра за спроведување нови мерки за кои Филип рече дека се надева дека ќе послужат како „електрошок“ за француското општество.
Вчера дестици илјади лица излегоа на улиците во Париз за да го осудат насилството врз жените.