Франција го призна вистинското влијание на нуклеарните тестови што ги вршела во Тихиот Океан од 1960-тите и во 1990-тите, пренесуваат светските медиуми.
Според најновата студија, 110.000 луѓе во Француска Полинезија биле погодени од радиоактивен отпад, што било „речиси целото население“ во тоа време на територија која се состои од стотици острови и корални гребени, вклучувајќи го и Тахити.


Студијата е спроведена во соработка помеѓу француската веб-страница за вести „Дисклоус“, истражувачи од американскиот универзитет „Принстон“ и британската фирма „Интерперт“.
Истражувањето покажало дека зрачењето од нуклеарните тестови било помеѓу 2 и 10 пати поголемо од проценката дадена од Француската комисија за атомска енергија (ЦЕА) во извештајот од 2006 година.

Ова истражување траело две години и било користено како основа за утврдување дали луѓето имаат право на надомест од француската влада. На крајот на 2014 година било објавено дека прекуокеанската територија управувана од Франција побарала од Париз речиси 1 милијарда долари надомест за штетата предизвикана од тестовите на нуклеарното оружје.
Шефот на Францускиот комитет за надомест на жртвите на нуклеарни експерименти, Ален Крисник, за медиумите изјавил дека е постигнат договор за голем број барања. Но според последниот извештај само 63 жители на Француска Полинезија досега добиле компензација.