Француското министерство за надворешни работи го повика Иран да се воздржи од какви било конкретни акции кои не се во согласност со обврските на таа земја кон нуклеарниот договор од 2015 година.
Иран претходно соопшти дека од петок ќе почне со развој на центрифуга заради убрзување со збогатувањето на ураниумот, што е уште еден чекор во намалувањето на почитувањето на обврските од договорот постигнат со светските сили.
– Иран мора да се воздржиод сите конкретни акции, кои не се во согласност со неговите обврски и кои можат да ги пореметат напорите чија цел е деескалација – рекла портпаролката на француското министерство, Агнес фон дер Мил.
Таа додала дека Париз ќе проучи објавата за Иран, заедно со своите партнери и агенцијата за атомска енергија во ОН.