Унгарскиот закон што забранува „промоција“ на хомосексуалноста кај малолетници е „срамен“ и претставува текст што е во спротивност со основните вредности на ЕУ, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Брисел ќе испрати писмо до Будимпешта за да ја изрази својата загриженост пред стапувањето во сила на законот со кој се дискриминираат лицата според нивната сексуална ориентација, рече фон дер Лаен.
Во изјавата потпишана од 14 земји-членки се повикува Европската комисија да постапи спротивно на законот.
Во средината на јуни, унгарскиот парламент донесе закон со кој се забранува промовирање на хомосексуалноста кај малолетници. Законот беше изгласан со 157 гласа, вклучително и од членови на владејачката партија Фидеш. Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен Јобик, екстремно десничарско движење кое гласаше за законот.