Европската унија (ЕУ) треба да го блокира увозот на говедско месо од Бразил и да размисли за суспендирање на увозот на соја од таа земја, со цел да се изврши притисок врз бразилските власти да направат повеќе за борба против шумските пожари во Амазонија, изјави финскиот министер за финансии, Мика Линтил.
Тој на прес-конференција во Хелсинки рече дека Финска, која привремено претседава со Унијата, побарала од ЕУ да го прекине увозот на бразилско говедско месо.