Финската Влада денеска поднесе оставка поради неможноста да ги спроведе реформите во здравствениот систем, соопшти кабинетот на претседателот на Финска.
Шефот на државата, Саули Нинисто ја прифати оставката на премиерот Јухе Сипиле и побара неговата Влада да продолжи да ја извршува должноста во преодниот мандат до именување на нов кабинет.
До пад на владата доаѓа еден месец пред одржувањето на парламентарните избори во земјата, бидејќи Сипила не успеа да ги спроведе реформите.
– Сипила поднесе оставка бидејќи здравствената реформа не може да се заврши во текот на мандатот на оваа Влада – напиша на Твитер, Анти Каиконен, шеф на пратеничката група на партијата на Сипила „Центар“.