Челниците на социјалната мрежа Фејсбук објавија дека отстраниле две големи мрежи кои дистрибуирале деизнформации и лажни вести кои работеле како интернет-медиуми во Источна и Централна Европа, пренесува „Политико“. Се смета дека оваа мрежа била поврзана и координирана од страна „Спутник“, која е национална агенција на вести. Според информациите, високо организираната група координирала вкупно 289 страни и 75 акаунти на Фејсбук, кои ги следеле вкупно 790 илјади корисници на мрежата.
– Овие страни беа создадени да изгледаат како независни интернет медиуми, но според анализите дознавме дека тие директно се поврзани со „Спутник“ – изјави Натаниел Глајкер, првиот човек за кибербезбедност во Фејсбук.
Социјалната мрежа ги отстрани овие страни поради „кооринирано неавтентично однесување“ и поради „лажно претставување“. Фејсбук страните ги користеле и следеле корисници од Централна и Источна Европа, како и многу Балтички земји. Фејсбук преку својата истрага дознал дека овие профили потрошиле 119 илјади евра за да го зголемат своет влијание и да бидат видливи за повеќе корисници на мрежата.
Пронајдена е и втора, значително помала мрежа со корени од Русија која дејствувала главно во Украина.
– Шаблоните на однесување на оваа помала мрежа се слични на Агенцијата за интернет истражување, која е т.н. „фабрика“ за создавање несоодветни содржини на интернет од Санкт Перербург и директно се поврзани со Руските безбедносни служби.
Под притисок од Европската унија и Владите на повеќе земји, Фејсбук започна да интензивно да работи отстранување на „лажните вести“ и деинформациите кои се појавуваат на платформата.
Фејсбук во изминатите неколку месеци отстрани слични мрежи за дезинформирање во САД, Филипините, Бангладеш и на неколку други места.