Фејсбук ја блокираше мрежата од страници преку која членовите на десничарската бразилска група Движење за слободен Бразил ширеа лажни вести.
Блокирањето на страниците е една од мерките на бразилските власти за борба против ширењето лажни вести пред изборите кои ќе се одржат во октомври.
Вкупно биле блокирани 196 страници и 87 профили заради, како што е наведено, „кординираното учество во мрежа која погрешно ја претставувала природата и потеклото на нејзините содржини, а со цел дезинформирање и создавање на поделби“.
Движењето за слободен Бразил стана познато, откако во 2016 година ги предводеше протестите против поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф.