Во неодамна објавениот извештај на американското Федерално истражно биро (ФБИ), се наведува дека во текот на 2016 и 2017 година на јавни места во САД со огнено оружје се убиени 221 лице.
При 50 случаи на користење огнено оружје повредени се 722 лица. Во статистиката не се вклучени лицата кои го извршиле нападот, ниту престрелки меѓу криминални банди.
Во 2017 година се евидентирани 30 активни престрелки, за разлика од 20 забележани во годината претходно.
Најсмртоносен напад во САД во последните две години е оној кој го изведе Стивен Падок во Лас Вегас. Тој 64-годишен маж, на 1 октомври 2017 година уби 58 и рани 489 лица на концерт, пред да се убие.
Според податоците на Конгресот на САД, 326 милиони Американци имаат 300 милиони парчиња огнено оружје – двапати повеќе отколку во 1968 година.
Статистиката на ФБИ покажува дека околу две третини од убиствата во земјата се извршуваат со огнено оружје.