Повикувајќи се на две лица запознаени со правната постапка против Коен, Ен-Би-Си њуз наведува дека не е познато колку долго федералните иследници биле овластени да ги прислушуваат разговорите на Коен, но дека тоа се случувало со недели пред упадот во неговата канцеларија, хотелска соба и куќа, на почеток на април.
Американски федерални иследници ги прислушувале телефонските линии на долгогодишниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, Мајкл Коен, кој е под истрага дека платил 130.000 долари на порно глумицата Сторми Даниелс за да молчи за наводната афера со Трамп, јавува Ен-Би-Си њуз.
Според наводите на еден од изворите, пресретнат е барем еден од телефонските повици на линијата Коен- Белата куќа.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) во април изврши претрес во куќата на Коен, во канцеларијата и хотелската соба, барајќи докази за малверзации сред кривичната истрага.