Уште еден хеликоптер Ми-8 принудно слета во Сибир, во леталото се наоѓале 23 лица, меѓу кои и четири члена на екипажот.
ТАСС наведува дека, според првичните информации, нема повредени. Кинеската агенција „Синхуа“ известува дека најмалку три лица се повредени, а во хеликоптерот имало 29 лица.
Хеликоптерот принудно слета во автономниот регион Ненец на Русија.
Претходно денес, најмалку 16 лица се повредени во присилното слетување на „Ми-8“ во регионот Краснојарск.