Остатоците од делумно урнатата зграда во Мајами, синоќа беа срушени до темел поради можно пристигнување на тропската бура Елза, која го напушти брегот на Куба.
Метеоролозите најавуваат дека денеска и утре невремето ќе стигне до западниот брег на Флорида.
По уривањето на станбената зграда во Мајами пред 11 дена, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а над 120 се исчезнати, градоначалничката на округот Деди, Даниела Левин Кафе, изјави дека операцијата за спасување ќе продолжи по конечното уривање на зграда, пренесува „Ројтерс“.
Властите потврдија дека жителите на зградите во непосредна близина на демолираната зграда од 12 ката нема да мора да се евакуираат, но им беше препорачано да останат во своите станови за време на операцијата за уривање и да ги исклучуваат климатизерите поради прашина.
Прославата на Денот на независноста во Мајами беше откажана, а истрагата сепак не даде одговор на прашањето што предизвика уривање на 12-катната зграда, но инженерите укажаа на структурните недостатоци што можеа да ја предизвикаат оваа несреќа.