Најмалку 14 лица загинаа откако ураганот Лора ги погоди сојузните држави Луизијана и Тексас, како ураган од четвртата категорија.
Брегот на Луизијана, кој беше уништен од ураганот, започна со закрепнување кое ќе трае долго, но стотици илјади луѓе сè уште немаат струја и вода.
Според АП, можно е да нема електрична енергија и вода уште неколку недели, па дури и подолго.
Илјадници луѓе, кои ги напуштија своите домови пред невремето, по враќањето ги дочекаа домови без покриви и патишта прекриени со урнатини.
Белата куќа објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе ја посети областа и ќе ја процени предизвиканата штета.