Ураганот „Дориjан“ го промени правецот и наместо да удри на брегот на Флорида, како што се очекуваше, неговиот конус продолжи на север кон крајбрежјата на сојузните држави Џорџија, Јужна и Северна Каролина.
И во овие земји, како и во Флорида, прогласена е вонредна состојба.
„Доријан“ се очекува да удри со силина од втора или трета категорија во Јужна и Северна Каролина најрано в понеделник навечер. Во моментов, ураганот беснее на Бахамите повеќе од 30 часа со силина од четврта категорија каде локалните власти повикаа населението да се евакуира од загрозените острови.