САД мора да обезбедат секој кој бега од насилства или прогон, а кому му е потребна заштита како бегалец, да ја добие брзо и „без опструкции“ во согласност со договорни обврски, соопшти денеска УНХЦР.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој во рок од 90 денови се суспендира одобрувањето азил за мигранти кои илегално ќе ја минат границата на САД со Мексико.
Меѓу илјадиниците мигранти кои се движат од Хондурас, Гватемала и Салвадор кон границата на Мексико со САД, се и оние кои бараа азил бегајќи од прогон и насилства. Според меѓународни закони, земјите се обврзани да им дадат пристап и да им понудат заштита.