Унгарското Министерство за финансии соопшти денеска дека хуманитарните групи, што ја поддржуваат имиграцијата мора да платат посебен данок од 25 отсто.
Министерството објасни дека „специјалниот имигрантски данок“ е неопходен затоа што одбраната од илегалната имиграција претставува дополнително оптоварување на буџетот на Унгарија.
Уште не е познато како ќе се наплатува тој нов данок.