Неколку маскирани напаѓачи за време на синоќешните антивладини демонстранти во градот Басра, јужен Ирак, убија пет лица, а повредија десетици. Според медицински извори, во синоќешниот инцидент се повредени речиси 120 лица.
Десетици илјади луѓе од 1 октомври протестираат во Багдад и во јужниот дел на Ирак, каде што мнозинско население се шиитите, барајќи големи политички промени. Демонстрантите се жалат на корупцијата, неможноста за вработување и лошите основни јавни услуги. Од почетокот на немирите во Ирак загинаа над 250 луѓе.