Најмалку 23 припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени денеска во напад на талибанците во авганистанско-американска база во југозападниот дел на земјата, соопштија локалните власти.
Повеќечасовниот напад претставувал трет обид на талибанците за преземање контрола врз базата во последните 48 часа.
Во оружениот судир убиени се и 20 напаѓачи, а има и 15 повредени, според авганистанските власти.