Руската полиција го притвори осомничениот за пријава за лажна закана за бомба во неколку градови во Русија.
Непознат маж пријави во полиција дека се поставени бомби во неколку градови во Русија. Истовремено, тој организирал пренос во живо на социјалните мрежи.
Веднаш се испратени полициски екипи на лице место, при што уапсен е 31-годишен маж, против кого е покрената кривична пријава, поради намерна пријава за лажен терористички акт.
Бран лажни пријави во Русија започна коон крајот на ноември 2019 година, кога непознати лица пријавуваа дека се поставени бомби во болници, аеродроми, судови…Беше утврдено дека сите пријави биле лажни.