Француската полиција уапси еден човек за кого се сомнева дека е виновен за бомбашкиот напад во Лион, кој се случи минатата недела, при што загинаа 13 лица, рече министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастене.
Кастене го објави апсењето на „Твитер“, но тој не даде повеќе детали за осомничениот или локацијата на апсењето, објави „Ројтерс“.
Le ministre @CCastaner vient d’arriver à #Lyon avec le procureur de la République de Paris pour un point de situation avec les forces de #sécurité et de #secours engagées et le @prefetrhone. pic.twitter.com/Z7ao93X3ZG
— Ministère de l’Intérieur (@Place_Beauvau) May 24, 2019
На снимката од безбедносните камери се гледа делумно маскиран човек, кој со велосипед доаѓа до пекарница каде што ја оставил торбата со експлозив.
Регионалните власти велат дека 13 лица биле полесно повредени при експлозија на торба полни со метални топчиња и шрафови.
Според „Монд”, истрагата за експлозијата ја водат антитерористичките единици од Париз бидејќи случајот се води како терористички напад.
Засега ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот.