Турските безбедносни сили денеска приведоа маж под сомнение дека пукал врз Амбасадата на САД во Анкара. Засега не се познати детали за приведеното лице.
Шест истрели утрово беа испукани врз Амбасадата на САД од возило во движење. Три куршуми ја погодиле капијата и прозор од Амбасадата. Во инцидентот никој не е повреден.
Полицијата ги засили безбедносните мерки за амбасадите во Анкара веднаш по инцидентот.
Претходно, претседателот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин го осуди инцидентот, нагласувајќи дека нападот врз Амбасадата на САД е обид да се создаде хаос.