Еден од најбараните бегалци во Европа, Кристофер Гест Мор, кој беше во бегство 16 години, уапсен e во Малта за брутално убиство извршено во Велика Британија, објави Националната агенција против криминал.
Според Би-би-си, Мор (41) ја напуштил Велика Британија откако во 2003 година пред неговите деца ја мачел и претепал до смрт жртвата Брајан Вотерс.
Мор е осомничен дека отишол во фармата за канабис на Вотерс за да надомести долг поврзан со дрогата.
Другите тројца вмешани во случајот, Џон Вилсон, Џејмс Рejвен и Отис Метјус, служат доживотен затвор за убиството на Вотерс.
На 19 јуни 2003 година, тие упаднале на фармата за канабис и побарале пари.
Газдата го врзале за стол, го тепале и мачеле на различни начини цели три часа, а на телото на жртвата подоцна биле констатирани 123 повреди.
Мажите, го нападнале и синот на Вотерс, Гевин, а ќерката Натали постојано ја држеле на нишан.
Мор беше активно баран од органите во врска со ова убиство, но и поради обидот за убиство на друг човек, лажно претставување и напаѓање на други жртви на местото на злосторството.
Тој веќе се појави пред судот во Валета и започнат е процесот за негова екстрадиција во Велика Британија.